Челси ги информира навивачите дека до крајот на сезоната нема да смета на 20-годишниот играч од средниот ред, Ромео Лавија.
Така продолжи „сагата“ околу перспективниот играч чија кариера е во застој поради повредите. Тој по пристигнувањето во Челси по трет пат е надвор од терените поради повреди.
Лавија дојде во Манчестер сити од Андерлехт, на 16-годишна возраст, а во тимот на Пеп Гвардиола дебитираше на 17 години. Но во 2022 година му беше продаден на Саутемптон за нешто повеќе од 22 милиони евра. Челси го ангажираше лани во август во трансферот што надмина 62 милиони евра.