Трајковски постави државен рекорд во скок во далечина

Андреас Трајковски постави нов државен рекорд во скок во далечина. Во Истанбул, на 28 Балканско првенство во атлетика во сала Трајковски со скокот од 7,79 метри го освои сребрениот медал.

Рекордот, Трајковски го постави во последната, шеста серија, во која Хрватот Лука Чурковиќ не му дозволи да го освои златото. Скокот на Чурковиќ беше за два сантиметри подолг од оној на Трајковски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО