Македонскиот фудбалер Александар Трајковски продолжи да игра во добра форма и со гол му донесе победа на Хајдук Сплит (1-0) во дуелот со Славен Белупо во рамки на ХНЛ-лигата.
„Билите“ по поразите од Динамо Загреб влегоа во црна серија, но Трајковски со денешниот гол го врати сплитскиот тим во ритам. Хајдук е далеку од битката за титула поради четирите порази во низа, но до крај ќе го брани третото место.
Трајковски победоносниот гол го даде во 13. минута кога доби топка од Брекало и лесно ја заврши задачата, за три бода за Хајдук.
За македонскиот фудбалер ова беше трет гол во ХНЛ-лигата сезонава каде има и уште една асистенција.