Тоти: „Спалети се врати во Рома само за да ме избрка“

Легендата на „римските волци“ повторно проговори за бурниот крај на својата кариера

Франческо Тоти повторно се наврати на својот конфликт со Лучано Спалети, откривајќи детали кои, според него, ја објаснуваат напнатата атмосфера во последните години од неговата кариера во Рома. Во интервју за италијанските медиуми, Тоти изјави дека верува оти Спалети се вратил во клубот само за да го избрка од тимот, со поддршка на тогашната управа.

– Кога Спалети се врати, почувствував дека неговата мисија не беше да ја подигне екипата, туку да ме тргне мене. Така ми изгледаше. Управа го поддржуваше во тоа“, изјави Тоти.

Легендарниот капитен додаде дека дури понудил да игра бесплатно, само за да ја заврши кариерата на теренот, но наидол на ѕид. „Им реков дека можам да играм без плата, само да бидам дел од тимот. Но, веќе беше донесена одлука“, рече тој.

Тоти исто така откри дека клубот дури организирал внатрешно гласање меѓу играчите за тоа кој треба да биде нов тренер, а меѓу имињата биле Роберто Манчини, Клаудио Раниери и други, пред конечно да биде вратен Спалети.

Конфликтот меѓу двајцата остави длабока трага во клубот, а многумина во Рим сè уште го сметаат за една од најконтроверзните епизоди во модерната историја на Рома.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО