Тони: Роси дојде на вистинското место

Некогашниот италијански репрезентативец, Лука Тони верува дека Даниеле де Роси е единствениот кој можел да го замени Мурињо во Рома.

– Де Роси отсекогаш сакаше да стане тренер во Рома. Добро му оди но, очекувањата следната сезона ќе бидат поголеми – вели Тони и додава дека Милан треба да го купи Алварез од Манчестер Сити.

– Што се однесува до Алварез, доколку не сака повеќе да седи на клупата, би можел да се наметне како играч кој има победнички менталитет. Да бев во Милан, ќе барав играчи од големите клубови кои не добиваат доволно минутажа – вели поранешниот фудбалер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО