ТФТ со „брејк“ победа над Сутјеска чекор до финалето на АБА2 лигата

Македонскиот кошаркарски вицешампион ТФТ прави голем чекор кон пласман во финалето на АБА2 лигата.

Кошаркарите на ТФТ поведоа со 1:0 во победи во полуфиналната серија со црногорската екипа на Сутјеска.

Тимот од скопско Тафталиџе, вечерва на гостувањето во Никшиќ славеше со 88-93.

Најефикасен во победничката екипа на ТФТ беше макеоднскиот репрезентативец Виктор Ташовски кој постигна 28 пени, а додаде и шест асистенции.

Реванш натпреварот во Скопје ќе се игра во среда, 15 април.

Пласман во финалето ќе обезбеди тимот кој ќе оствари две победи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО