Вечерва во Битола во дербито на 26.коло од плејофот во ракометната Суперлига, ГРК Охрид славеше во еден драмитичен меч со 26:27 на гости кај Пелистер.
Голема победа за охриѓани, втора сезонава против сеуште актуелниот шампион по онаа дома во регуларниот дел.
Се играа последните секунди од мечот во “Боро Чурлевски“, а резултатот беше 26:26, но Стрмљан успеа да погоди за победа на својот тим од 26:27.
На овој исход најмногу му се израдува тимот на Вардар, кој сега има +8 бода во однос на Пелистер и Охрид, па така речиси сигуро е дека ќе биде шампион.
Стрмљан со “звукот на сирената“ донесе победа за Охрид за конечни 26:27.
Кај домашние Манасков со шест голови од исто толку обиди беше најефикасен, Кузмановски запиша четири како и Хосни.
Кај победничкиот тим, кој последните две минути, без некоја секунда играше со играч помалку по црвениот картон на Ојлески, Стрмљан имаше пет голови од исто толку обиди.
Фото: ГРК ОХРИД