Вардар и Пелистер одиграа без голови на вечерното дерби во Битола во рамките од Првата македонска фудбалска лига.
Со тоа Пелистер после триумфот над Шкендија, сега останува непоразен и со вториот претендент за титулата, и ја прави битката за титулата во ПМФЛ уште поинтересна во финишот од сезоната.
Голманот Андреј Јовчевски кој успеа да одбрани неколку добри обиди на Вардар, а ја скроти и најдобрата шанса на скопските „црвено-црни“ во судиското надополнување.
На табелата првопласиран е Вардар со 62 бодови, еден повеќе од Шкендија на втората позиција, а Пелистер се наоѓа на деветтото место со 26 бодови