Актуелниот македонски вицешампион ТФТ не успеа да избори мајсторка во баражот со Борац.
Во реванш натпреварот одиграно вечер во Скопје, српската екипа славеше убедливо со 65-97 и со 2:0 во победи, повторно избори настап во прволигашката АБА конкуренција.
Гостите триумфот го најавија уште од самиот старт, почнувајќи го мечот со 13 неодговорени поени (0-13).
Веќе на првата пауза Борец имаше предност од 14-24.
Иако во вториот период ТФТ дојде и само на минус 6, сепак до крајот на полувремето тимот од Чачак повторно имаше убедливо предност 35-52.
Дуелот меѓу Маџари и ТФТ ќе се игра веќе во среда.