Пелистер се избори за ,,мајсторка” во полуфиналето против МЗТ Скопје

Кошаркарите на Пелистер се изборија за трети решавачки полуфинале натпревар против МЗТ Скопје Аеродром.

На дуелот број 2 одигран во Битола, пелистерци славеа победа со 81-76 и го израмнија резултатот на 1:1 во победи.

Џенкинс беше нерешено енигма за актуелниот првак. Американецот од редовите на Пелистер натпреварот го заврши како најефикасен со 31 постигнат поен.

На спротивната страна Танасковиќ за малку не дојде до дабл-дабл ефект. Србинот натпреварот го заврши со 22 поени на кои додаде и девет скокови.

Решавачкиот трет натпревар за влез во финалето, МЗТ и Пелистер ќе го играат во Скопје, во среда на 11 мај.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО