Поранешниот фудбалер на Јувентус, Карлос Тевез, кој сега работи како тренер во Индепендиенте, проговори за перидот минат во европскиот фудбал и за работата со тренерите.
– Конте ме инспирираше со неговата страст и опсесија за победа, од Биелса го научив неговото внимание на деталите, а од Фергусон неговата голема смиреност во управувањето со тимот, вели Аргентинецот.
Италија е засекогаш во моето срце. Навистина би сакал да се вратам, можеби како тренер. Серија А е една од најдобрите лиги во светот, потенцираше Тевез.