Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Двократниот светски шампион и возач на Астон Мартин во Формула 1 (Ф1), Фернандо Алонсо, најави дека нема да го напушти британскиот тим на крајот од сезоната, кога му истекува договорот. Алонсо потпиша нов договор со Астон Мартин, па соработката ќе продолжи и во иднина.

Шпанецот со 42 години е најстариот возач на караванот, но во неколку наврати нагласи дека е мотивиран како никогаш досега да се натпреварува со надеж дека ќе ја освои третата титула.

Алонсо вози за Астон Мартин од 2023 година, откако се раздели со Алпин. Претходно настапуваше и за Минарди, Мекларен (двапати), Ферари и Рено, претходникот на Алпин, во кој двапати ја освои титулата шампион – во 2005 и 2006 година.

Во Формула 1 забележа 32 победи, освои вкупно 22 пол позиции и 2.291 бод, а досега учествуваше на 384 Големи награди.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО