Тешки казни за Уругвајците, најлошо мина Дарвин

Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) жестоко ги казни уругвајските репрезентативци кои учествуваа во нередите со навивачите на Колумбија по поразот од 0:1 во полуфиналето на Копа Америка летово во Шарлот, САД,

Најлошо мина напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез кој доби забрана за настап на дури пет официјални натпревари. Родриго Бентанкур нема да игра на четири, а Роналд Араухо, Хозе Марија Хименез и Матијас Оливера суспендирани на три натпревари.

Тие се казнети и парично – Нуњез со 20.000 долари, Бентанкур со 16.000, а Араухо, Оливера и Хименез со по 12.000. Уругвајскиот фудбалски сојуз ќе мора да плати казна од 20.000 долари.

Капитенот на Уругвај, Хименез, тврдеше дека играчите ја прескокнале оградата на трибината за да ги заштитат своите семејства од колумбијските навивачи

Споменатите казни играчите ќе треба да ги „одлежат“ во квалификациите за СП 2026, во кои во септември, Уругвај ќе игра против Парагвај во Монтевидео и со Венецуела на гости во Матурин.

Во октомври Уругвај ќе ги одмери силите со Перу на гости и со Еквадор дома, а во ноември е домашниот натпревар против Колумбија и со Бразил на гости.

По една третина од одиграните квалификации или по шест од 18 кола, Уругвај е на второто место со 13 бода, два помалку од водечката Аргентина, но и осум повеќе од седмиот Парагвај, кој е на позиција која води до дополнителните квалификации.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО