Шампионот од словачката прва лига, тимот на Слован Братислава, ќе биде првиот противник на Струга ТЛ во квалификациите за ЛШ идната сезона.
Тоа денес го донесе жрепката одржана во Нион, а Струга и неможеше да посака позвучен противник, бидејки Слован Братислава неколкупати има настапува во ЛШ изминатите години.
Словачката екипа има повеќекратен и поголем буџет од Струга за највисоки дострели на европска сцена, така да јасно е дека на македонскиот претставик во Европа ќе му биде потребно чудо, но сигурно дека никој нема да подигне пред време бело знаме.
Повеќе веројатната варијанта е елиминација на Струга ТЛ, а во таков случај, тие рутата ја насочуваат кон квалификациите за Лигата на конференции.
Дуелите Слован Братислава ќе се играат на 9-10 јули (Братислава), додека реваншот ќе биде една недела подоцна во Македонија.