Урнебесна реакција: Тенисерката опцу кога дозна против кого игра во Берлин

Моментално 14. тенисерка во светот, Дарија Касаткина, имаше интересна реакција откако и кажаа против кого ќе игра следното коло.

Таа моментално игра на турнир во Берлин од серијата 500 и по победата над Марта Костјук, го чекаше ривалот за следното коло, а таму ја доби Арина Сабаленка, која е апсолутен фаворит, шампионката од Австралија Опен.

Најблаго кажано тоа не и се допадна, па имаше една брза и природна реакција пред камерата, а тоа отиде во директен пренос.

Касаткина ги загуби последните три меча против Сабаленка, а севкупен скор е само две победи и шест порази, а кога дозна дека ќе игра против белоруската тенисерка, таа порача.

– „Срање“, па откако сфати дека тоа отиде во директен пренос, почна да се смее пред камерите.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО