Неочекуван расплет: Далиќ и Хрватска останаа без еден првотимец до крај на ЕП

Репрезентативецот на Хрватска, Никола Влашиќ, ќе го напушти кампот на репрезентацијата и нема да игра до крајот на ЕП, поради повреда на мускулот, соопшти федерацијата на Хрватска.

Тоа значи дека првотимецот на Торино нема да му биде на располагање на селекторот Златко Далиќ за мечевите против Албанија на 19. јуни во Хамбург и против Италија на 24. јуни во Лајпциг и во евентуалната елиминациона фаза.

– Влашиќ се повреди на тренингот, па по одработениот лекарски преглед на магнетна резонанца, постои проблем со мускулот. Селекторот Далиќ во договор со Влашиќ и лекарската служба, донеса одлука Никола да го напушти кампот на репрезентацијата, бидејки повредата не му дозволува до крајот на ЕП да конкурира за натпреварите, порачаа со официјално соопштение Хрватите.

Играчот на Торино се повреди во завршницата од сезоната во Серија А, но и покрај тоа се најде на листата на селекторот, но сега мора да го напушти репрезентативниот камп.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО