Тотенхем доби уште еден сериозен удар, откако Чави Симонс заработи тешка повреда на натпреварот од Премиер лигата против Вулверхемптон.
Се работи за повреда на коленото и остана да лежи на тревата во болка. Иако накратко се обиде да се врати во игра, брзо стана јасно дека не може да продолжи и беше изнесен на носилки.
Првичните проценки не се оптимистички – постои сомнеж за повреда на предните вкрстени лигаменти, што би значело пауза и до една година.
Дополнителна грижа оваа ситуација носи и за селекторот на Холандија, Роналд Куман, кој веќе има проблеми со повеќе повредени клучни фудбалери пред претстојното Светско првенство.