За само два часа се распродадоа сите билети за пријателскиот натпревар меѓу репрезентациите на Босна и Херцеговина и Македонија.
Сите влезници за овој дуел се распродадени, потврдиле од ‘еvent.ba’ за босанските медиуми.
Натпреварот ќе се одигра на 29 мај на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ со почеток од 18 часот, а атмосферата на Кошево уште сега ветува вистински спектакл.
На Светското првенство, селекцијата на БиХ ќе настапи во групата Б заедно со Канада, Швајцарија и Катар.
Македонија во јуни ќе одигра неколку пријателски средби, на кои селекторот Гоце Седлоски ќе има можност да ја провери формата на фудбалерите.