Тешка, но важна победа за Сити пред големото градско дерби

Манчестер Сити со минимален резултат 1:0, победи на гостувањето кај Борнмаут, во рамки на 26. коло од Премиерлигата.

Ова беше крајно тешко гостување на Сити, бидејки домаќинот имаше неколку зрели ситуации во финишот и да им ја закомплицира работата, односно да им одземат два бода при евентуално нерешено.

Единствениот гол за тимот на Пеп Гвардиола го постигна Фил Фоден во 24. минута, кога натрча на топка која по шутот на Холан, ја одбрани Нето, па на крајот заврши во мрежата.

Иако имаа многу шанси да го дуплираат водството, сепак овој резултат остана активен до самиот крај и на крајот да впишат нов триумф со кој ја продолжуваат битката со Ливерпул за тронот во Премиерлигата.

Сити следниот меч го игра против Лутон за три дена, кога гостуваат во рамки на ФА Купот, додека во Премиерлигата, на трети март им гостува Манчестер Јунајтед.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО