Јунајтед со срамен пораз на Олд Трафорд, а Тен Хаг бара фановите да ја видат „големата слика“

Манчестер Јунајтед направи сериозен кикс на домашен терен, попладнево на Олд Трафорд беа поразени од екипата на Фулам.

Иако врзаа неколку важни победи претходно, поразот им доаѓа во најнепосакуван момент, бидејки овде се чини дека Јунајтед имаше веќе испланирани бодови пред натпреварот.

Фулам два пати водеше на оваа средба, но Јунајтед на крајот не успеа да се врати, се отвори, напаѓаше и Ивоби во финишот на средбата го докусури Јунајтед и им донесе џиновски три бода на гостите.

– Несреќно сме поразени, покажавме карактер на оваа средба, се враќавме од негатива, изедначивме, па тргнавме по победата, потоа примивме гол со кој загубивме. Но мора да се потенцира дека тимот покажа голема персоналност и карактер, тоа ме радува. Со тимот кој го имавме на терен денеска, моравме да победиме. Има простор за критики, но мора да ја видите големата слика, а тоа е дека големата слика изгледа добро. Една грешка во финишот не чинеше овој пораз, потенцира Ерик Тен Хаг.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО