Терзиќ: Ова е многу добар момент за нас

Борусија Дортмунд се надева дека ќе ја пренесе својата добра форма од Лигата на шампионите во првенствениот натпревар со Баер Леверкузен додека се обидува да му го нанесе првиот пораз сезонава на новиот шампион.

Тимот од Дортмунд стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите по успехот од 4:2 над Атлетико Мадрид и стигна до оваа фаза за прв пат по 11 години.

„Сакаме да ја искористиме енергијата. Ова е многу добар момент за нас“, изјави денес тренерот Един Терзиќ.

„Не е лесно да се победи Леверкузен, го видовме тоа. Но, исто така знаеме дека имаме големи шанси ако настапиме на начинот на кој игравме во вторникот“, додаде тој.

Баер Леверкузен за првпат во својата историја ја освои титулата во Германија на пет кола пред крајот на првенството, а стигна и до полуфиналето на Лига Европа по ремито 1:1 против англискиот Вест Хем.

„Ќе се обидеме да победиме против тим кој нема пораз на 44 натпревари“, додаде тренерот. Дортмунд моментално се наоѓа на петтото место во Бундеслигата.

Свесни сме дека петтото место може да биде доволно за пласман во Лигата на шампионите. Можеме да освоиме уште 15 бода во Бундеслигата и тоа е нашата цел“, заклучи Терзиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО