Наполи активно работи на трансферот на Влаховиќ

Новиот тренер на Наполи, Масимилијано Алегри, сака да го донесе Душан Влаховиќ и да го направи централна фигура во нападот, во проект што треба да означи почеток на нова ера на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Според италијанските медиуми, раководството на клубот веќе интензивно работи на реализација на овој трансфер. Во клубот се свесни, дека доаѓањето на српскиот репрезентативец би бил еден од најголемите потези во Серија А ова лето.

Наполи во Влаховиќ гледа напаѓач кој веднаш може да направи разлика, но и долгорочно решение на врвот на нападот, додека Алегри верува дека неговиот профил најдобро би одговарал на идејата за играта што планира да ја спроведе.

Фактот дека Алегри и Влаховиќ веќе работеа заедно во Јувентус, каде што српскиот голгетер беше еден од клучните играчи во офанзивниот дел од тимот, дава посебна тежина на целата приказна.

Токму ова претходно познанство дополнително го зголемува оптимизмот во Неапол.

Ситуацијата во Торино е дополнително комплицирана од неизвесните преговори во врска со новиот договор и финансиските предизвици на Јувентус, што би можело да отвори врата за потенцијален трансфер доколку пристигне соодветна понуда.

Наполи веќе долго време е во контакт со менаџерите на фудбалерот, а клубот верува дека Влаховиќ би можел да биде симбол на нов почеток и играч околу кого би се градел тимот во наредните години.

Иако сезоната му ја обележаа повредите, српскиот напаѓач сепак успеа да го покаже својот препознатлив инстинкт пред голот. На 23 настапи во сите натпреварувања, постигна десет гола и запиша две асистенции, потврдувајќи дека сè уште е еден од најопасните напаѓачи во италијанскиот фудбал.

Footo:EPA

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО