Капитенот на Реал Мадрид заминува по 23 години верност кон клубот

Капитенот на Реал Мадрид – Начо Фернандез, му соопштил на клупското раководство и тренерот Карло Анчелоти дека ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ на крајот од сезоната, кога ќе му истече договорот, пренесува „Марка“.

Изданието потсетува дека пред една година дефанзивецот исто така беше на прагот да замине како слободен играч, но потоа се предомисли и потпиша за уште една сезона. Овој пат, сепак, 34-годишниот ќе го напушти клубот во кој помина 23 години, прво како младински играч, а потоа како важен дел од првиот тим.

Начо има вкупно 355 настапи со 16 голови и 9 асистенции за клубот, а оваа сезона забележа 36 настапи во сите натпреварувања. Шпанскиот репрезентативец со Реал Мадрид освои вкупно 24 трофеи, од кои 5 во Лигата на шампионите и 3 во Ла Лига.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО