Женската тениска репрезентација на Македонија го загуби вториот меч од А-групата од Били Џин Кинг купот во рамките на Втора Евро-африканска зона. По стартниот успех над Естонија, нашите девојки денеска беа поразени на сите три меча со Хрватска, која важи за прв фаворит.
Во првиот меч Магдалена Стоилковска загуби од Леа Бошковиќ со 2-0 (7:5, 6:2), додека Лина Ѓорческа во три сета беше поразена од Антонија Ружиќ (7:5, 2:6, 2:6).
Во двојки Ива Данева и Ана Митевска со 2-0 во сетови загубија од Ива Приморац и Леа Бошковиќ.
Македонија го освои второто место во групата и ќе разигрува за пласман од 4 до 6 место.