Клоп: Аталанта е одлично организиран и искусен тим

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп одржа прес-конференција во пресрет на утрешниот натпревар против Аталанта. Англичаните се домаќини на Италијанците во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на Европа.

„Тие се постојан тим, а секој од нивните играчи има различни квалитети. Очекуваме да бидат добро организирани. Тие се исто така многу искусни“ рече Германецот.

„Односот меѓу тимот и навивачите ја прави разликата, но оваа атмосфера се базира на претходното искуство. Ако не одиграме добро, тоа нема да биде најдоброто искуство. Ако одиграме добро, навивачите ќе застанат зад нас. Не ги прифаќаме нашите резултати на Енфилд или атмосферата како загарантирани. Знаеме што треба да направиме за да ја добиеме таа атмосфера, мора да дадеме максимум“, додаде Клоп.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО