Тен Хаг сепак му испрати порака на Санчо во Дортмунд

Ерик Тен Хаг е разочаран од бледиот Ентони Марсијал, од кого очекувал многу повеќе кога пристигнал во Манчестер.

Иако ни Маркус Рашфорд не е она што беше претходно, сепак, Тен Хаг верува дека Марсијал има капацитет да биде далеку подобар од овие мизерни бројки кои ги има ланската и оваа сезона.

Исто така на денешната пресконференција на Манчестер Јунајтед, пред пресметката против Тотенхем, новинарите ги интересираше ставот на Ерик Тен Хаг околу ослободувањето на Џејдон Санчо да премине во Борусија Дортмунд на позајмица.

– Што да се каже, на Санчо му посакувам најдобра среќа, се надевам дека ќе биде добар во Дортмунд, порача холандскиот стратег.

Инаку станува збор за полу-сезонска позајмица, за која Дортмунд е должен да им исплати на „црвените ѓаволи“ три милиони евра, по што на лето, ќе се одлучува за судбината на Џејдон Санчо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО