Тен Хаг: Очекувам да го освоиме ФА купот, против најдобрите играме најдобро!

Во очекување на саботното финале од ФА Купот, менаџерот на Манчестер Ј., Ерик Тен Хаг, вели дека тимот ги оствари целите со пласманот во ова финале, но сега е на потег и да го освои.

– Во сезона во која не ни одеше најдобро, ја постигнавме зацртаната цел. Сега ја имаме оваа можност да го освоиме ФА Купот, која треба да ја искористиме. Мораме да веруваме затоа што го играме нашиот најдобар фудбал против добри тимови. Очекувам дека така ќе биде и оваа сабота, изјави Тен Хаг.

Овој меч е особено битен за Холанѓанецот, затоа што по овој меч раководството ќе ја разгледува неговата позиција и дали тој ќе добие отказ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО