Тедеско е прв кандидат за тренерското место во Милан

Селекторот на Белгија Доменико Тедеско може да биде новиот тренер на Милан, пренесува La Gazzetta dello Sport. Според изворот, актуелниот тренер на Милан Стефано Пиоли ќе ја напушти функцијата на крајот на сезоната, а раководството веќе бара нов стратег кој ќе ја преземе екипата.

Меѓу тројцата кандидати се Тедеско, Марсело Гаљардо (Ал-Итихад) и Кристоф Галтие (Ал-Духаил).

Тимот е втор во поредокот на италијанскиот шампионат, каде Интер веќе стана шампион во Серија А. Пиоли е на кормилото на Милан од октомври 2019-тата, а има договор до летото 2025.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО