Таткото на Новак Ѓоковиќ завршил во болница по повреда добиена на бизарен начин

Таткото на Новак Ѓоковиќ денеска бил итно примен во Ургентниот Центар на белградската клиника по бизарната повреда што ја заработил во својот дом.

Српските медиуми денес информира дека станува збор за скршеница на надлактицата поради која Срѓан Ѓоковиќ бил итно опериран, а по новите детални прегледи ќе биде утврдено дали тој ќе мора да остане во болницата или ќе биде пуштен на домашно лекување. Повредата Срѓан Ѓоковиќ ја заработил додека ги хранел птиците во својот дом, кога неочекувано паднал од столицата на која седел во моментов. Веднаш станало јасно дека проблемот е сериозен и бил итно пренесен во клиниката, од каде информираат дека проблемот е саниран.

Се ова се случува додека и Новак Ѓоковиќ се наоѓа во Белград, откако најдобриот светски тенисер реши да не настапува во Мадрид и во родниот град се подготвува за претстојниот настап на Ролан Гарос кој го очекува.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО