Алонсо следниот натпревар на Баер Леверкузен ќе го гледа од трибини

Предводникот на германскиот Баер Леверкузен, Чаби Алонсо ќе го пропушти следниот натпревар на тимот против Ајнтрахт Франкфурт поради неговиот четврти жолт картон сезонава. Ова се случи на натпреварот против Штутгарт во саботата навечер.

Алонсо и Себастијан Хенес беа предупредени со жолти картони по жестоката расправија на теренот за време на средбата помеѓу двата тима, која заврши нерешено 2:2.

„Не го разбирам жолтиот картон. Бев емотивен на клупата, но ништо значајно не се случи. Разговаравме со судијата и луѓето од другата клупа, но со почит. Но, ја прифаќам санкцијата и ќе го гледам следниот натпревар од трибините“, изјави Чаби Алонсо.

Тоа ќе биде првпат Алонсо да биде казнет во својата тренерска кариера и се пошегува: „Да бидам искрен, еднаш бев казнет со вториот тим на Реал Сосиедад“.

Пред дуелот со Ајнтрахт Франкфурт, Баер Леверкузен ќе се соочи со Рома во Италија во првиот натпревар од нивната полуфинална пресметка од Лига Европа во четврток.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО