Тренерот на Арсенал Микел Артета ја коментираше победата над Тотенхем

Тренерот на лондонски Арсенал, Микел Артета ги сподели емоциите од победата на гости кај Тотенхем во натпреварот од 35. коло на англиската Премиер лига. Средбата заврши со резултат 3:2 во корист на неговата екипа.

„Тешко е да се игра овде. Неверојатна атмосфера и одличен противник. Бевме супер ефективни во првото полувреме, бевме многу добро организирани.

Второто полувреме го започнавме одлично, целосно ја контролиравме играта и можевме да постигнеме и четврти гол. Потоа следуваше индивидуална грешка и веднаш играта се смени во корист на противникот. Отсега мора да ја контролираме играта и да имаме малку среќа. Вториот гол го примивме, повторно поради грешка која не е многу честа. За да освоите нешто големо, треба да поминете низ овие моменти. Среќни сме затоа што ова е ден со кој треба да се гордееме. Ден кој многу им значи на нашите навивачи. Се надевам дека ќе уживаат во прекрасна вечер“, изјави Артета за „Скај Спортс“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО