Тајсон се враќа во рингот против „Јутјуберот“ Пол

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, легендарниот Мајк Тајсон се враќа во рингот. Како што потврдија организаторите на егзибициската борба, станува збор за дуел со „Јутјуберот“ кој стана боксер, Џејк Пол.

Пресметката е закажана на 20 јули во Арлингтон на стадионот АТ&Т, домот на Далас Каубојс од НФЛ лигата. Мајк Тајсон (57), кој многумина го сметаат за најдобриот боксер на сите времиња, изјави дека би било забавно да влезе во рингот со Пол, кој има 27 години и има скор 9-1 во својата боксерска кариера.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО