Во Ријад се случи интересна и несекојдневна средба — фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо, кој веќе подолг период игра за клубот Ал Наср, се сретна со тениската легенда Новак Ѓоковиќ, кој минатата недела беше присутен во саудискиот главен град по повод егзибицискиот турнир „Шест кралеви“.
Иако официјални детали за разговорот сеуште нема, медиумите го нотираат ова како потенцијален маркетиншки или бизнис момент — бидејќи Ѓоковиќ веќе вложува и во други спортови, а Роналдо е глобална фудбалска икона.
Пратена е и фотографија од нивната средба, што само додава мистерија на настанот — останува да видиме дали ќе има официјална изјава од Роналдо или Ѓоковиќ како ќе ги откријат целите на оваа нивна дискретна средба.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: