Верстапен: „Да ми зборуваше некој за титулата пред два месеци, ќе му кажев дека е идиот“

Макс Верстапен повторно е во игра за шампионската титула во Формула 1 по триумфот во Остин. Холанѓанецот на Ред Бул се доближи на само 40 поени од лидерот Оскар Пјастри, иако пред два месеци изгледаше без шанси.

– Да ми кажеше некој тогаш дека ќе се бориме за титула, ќе му реков дека е идиот, изјави Верстапен со насмевка.

Со три победи во последните четири трки, Верстапен најавува голем пресврт во финишот на сезоната, а следната можност за нов подвиг ја има викендов во Мексико Сити.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО