Белингам е човекот на одлука: Англија минимално, но триумфално го почна ЕП

Репрезентацијата на Англија го доби вечерашниот дуел во 1. коло од Европското првенство, против репрезентацијата на Србија.

Еден момент беше доволен да го одреди победникот на оваа средба, а тој момент се случи во раната фаза од првиот дел, во 13. минута, кога на додавање од Сака, Џуд Белингам стрелаше во голот на Србија.

Голот се случи по едно невнимание во одбраната на Србија, па играчот на Реал Мадрид тоа го искористи, добро се позиционираше и неодбранливо биеше во голот на противникот.

Подоцна во натпреварот, двете репрезентации имаа свои шанси, нешто поконкретна беше Англија, но натпреварот до крај не се промени.

Ова е воведна победа за Англија и три бода во првото коло од ЕП во Германија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО