„Свиркач“ го обвини првиот човек на ФИА за местење резултати во Формула 1?

Претседателот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), Мохамед Бен Сулејем, е под истрага за наводно мешање во резултатите на минатогодишната трка во Формула 1 за Големата награда на Саудиска Арабија.

Свиркач ѝ рекол на ФИА дека Бен Сулејем наводно интервенирал за да ја поништи казната на возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо на трката во Саудиска Арабија минатата година, објави денеска Би-Би-Си. Тврдењето е содржано во извештајот на службеникот за усогласеност на Одборот за етика на ФИА, Паоло Басари.

Свиркачот рекол дека Бен Сулејем му се јавил на шеикот Абдула бин Хамас бин Иса Ал Калифа, кој е потпретседател за спорт на ФИА за регионот на Блискиот Исток и Северна Африка, и му рекол дека мисли дека казната на Алонсо треба да биде поништена.

Алонсо доби казна од 10 секунди за недозволена работа на неговиот болид додека служеше претходната казна од пет секунди за време на трката. Поради таа казна Алонсо од третото место падна на четвртото, зад Џорџ Расел од Мерцедес, а повлекувањето на казната го врати на подиумот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО