Јувентус наскоро ќе започне преговори за трансфер на 26-годишниот играч од средниот ред на репрезентацијата на Холандија и првотимец на Аталанта, Теун Копмајнерс.
Тимот од Торино го следи напредокот на играчот и го смета како главно засилување за следниот преоден рок. „Старата дама“ ќе се обиде во условите на договорот да го вклучи 20-годишниот играч за врска Фабио Мирети.
Копмајнерс игра за Аталанта од 2021 година. Оваа сезона, играчот од средниот ред одигра 31 натпревар на кои постигна 10 гола и четири асистенции.