Кикс на Џирона – само бод против последнопласираниот

Фудбалерите на Џирона одиграа само нерешено на гостински терен против Алмерија во натпреварот од 20. коло на шпанската Примера. Натпреварот заврши со најнепопуларниот резултат – 0:0.

За Алмерија тоа е трет нерешен натпревар на домашен терен кој заврши со идентичен резултат. Заедно со трите споменати нерешени, овој тим доживеа дури седум порази во последните десет натпревари (шест во Примера) и го зазема последното место на табелата со само шест освоени бода (шест нерешени, се уште се чека првата победа на сезоната).

Џирона беше фаворит, но овојпат не ја оправда таа улога. Точно, од 80. минута имаа играч помалку откако Алеиш Гарсија доби директен црвен картон.

Со овој бод Џирона се врати на врвот на табелата со бод повеќе од Реал Мадрид, но кралскиот клуб има и натпревар помалку.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО