Светската шампионка во седмобој очекува медал во Париз

Седмобојката, Британката Катарина Џонсон-Томпсон, ќе оди на Игрите во Париз за да освои медал.

Џонсон-Томпсон (31) која освои златен медал на Светското првенство (СП) во Будимпешта лани летото, повторувајќи го успехот од СП во Катар 2019-та, верува дека ќе се најде на победничкот подиум на Олимписките игри во Париз, по трите неуспешни настапи на Игрите во Лондон, Рио и во Токио.

– Ќе одам во Париз со довербата што ја чувствувам од луѓето околу мене и се надевам дека ова ќе бидат среќни Игри за мене. Сакам да ја искористам таа позитивна енергија и да забележам успех, вели Џонсон-Томпсон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО