Старите пријатели и колеги се дружеа на Олд Трафорд: Руни го посочи играчот на сезоната во Јунајтед

Вејн Руни вчера беше посебен гостин на Манчестер Јунајтед и на „Олд Трафорд“ го следеше натпреварот заедно со Рио Фердинанд, на неговите два пораниешни клуба, Јунајтед и Евертон.

„Црвените ѓаволи“ овој меч го добија благодарение на двата пенали кои беа досудени врз Гарначо, а беа реализирани од Бруно Фернандеш и Маркус Рашфорд.

Руни беше замолен по натпреварот да изнесе своја анализа за натпреварот и околу тоа што се случува со Манчестер Јунајтед, па во друштво на Рио Фердинанд, искоментира:

– Гарначо е извонреден играч, неверојатен е кога е на терен, неговата работна етика е фантастична, тој правеше разлика на терен и правеше работите да се случат за Јунајтед да поведе.

– Јас сум задоволен од неговата пожртвуваност, истрајност во дуелите против секој. Се разбира дека е уште млад, има право на грешки и ќе ги прави, но факт е дека тој има голема желба да напредува на терен, во моментов е во зачеток на кариерата, се развива, но несомнено тој ќе биде расен играч и засега според мене, тој е најдобар играч на Јунајтед сезонава, порача Вејн Руни.

Ваквата форма на Гарначо го става во длабока сенка Маркус Рашфорд, кој не е ни налик на изминатата сезона, кога беше главен играч, додека сезонава главниот збор го водат Гарначо и повредениот Расмус Хојлунд.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО