Медведев го прекина мечот – бараше од организаторот да се поправи рефлекторот

Мечот помеѓу Данил Медведев и Роберт Карбалјес Баен, беше прекинат за момент во вториот сет, со причина.

Рускиот тенисер го доби првиот сет со 6:2, па додека водеше во вториот со 4:2, но Медведев беше видно незадоволен од актуелните услови на терен, па побара од организаторот да го поправи рефлекторот.

Не сакаше да го продолжи натпреварот додека не се поправи тоа што му пречеше, односно му попречило тоа што сијалиците биле прилично светли и му сметале при сервисот, но бидејки рефлекторот беше прилично високо, а немаа техничка можност истиот момент да го поправат, натпреварот со противење на Медведев продолжи.

Медведев првично одбиваше, но сепак го продолжи натпреварот и победи на крајот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО