Фудбалска вечер која ќе остане забележана во историјата на српскиот фудбал – натпреварот помеѓу Црвена Ѕвезда и IMT. Не само поради убедливата победа, туку затоа што на теренот се појави ново име кое ја напиша својата страница во статистиката.
Напаѓачот на гостинскиот тим, Алекса Митиќ, го постигна голот во 79. минута и со тоа стана најмлад стрелец во историјата на Супер Лига Србија – со само 16 години и 19 дена!
Претходниот рекорд го држеше Душан Влаховиќ, кој го постигнал со 16 години, два месеци и пет дена.
Во клубот IMT сметаат дека 196-сантиметарскиот напаѓач има голема иднина не само како играч на клубот, туку и како потенцијална ѕвезда на српскиот фудбал.