Спас во последен час за соседите: Јовиќ со гол во 95 минута ја остава Србија во живот

Србија и Словенија можеби не одиграа најатрактивен натпревар, но сепак го задржаа интересот до самиот финиш, кога Србија со гол практично во последните секунди, успеа да освои бод.

Словенија прва поведе на овој натпревар преку Карничник во 69. минута, по што остана за Србија да се обиде да нападне и да успее да освои барем бод на кој се надеваа на овој натпревар.

Иако шанси се нижеа и на двете страни, промена на резултатот немаше се до судиското надополнување. Судијата продолжи пет, а токму на истекот на петте минути, по еден досуден корнер, највисоко скока Лука Јовиќ и ја тресе мрежата на Јан Облак за 1:1.

Со овој бод Србија практично останува во борба за следната фаза, па иако од последната позиција, има подеднакви шанси како и Данска за следната фаза, а токму против оваа репрезентација ќе мора да се соочат во битка за бодовите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО