Британски тенисер приреди сензација во Квинс: Елиминиран Карлос Алкараз

Британецот Џек Дрејпер, го победи Карлос Алкараз на турнирот во Квинс, во рамки на осминафиналната пресметка.

Моментално 31. тенисер на АТП листата, направи пријатно и големо изненадување, добивајки го Карлос Алкараз, шампионот од Ролан Гарос, после точно 100 минути игра со резултат 7:6 (3), 6:3.

Дрејпер одлично го започна мечот, беше смирен и играше без притисок, но на крајот сепак првиот сет се решаваше во тај-брејк.

Карлос Алкараз никако не успеваше да ја следи играта на противникот, па на крајот заслужено е поразен на овој турнир. Со оваа победа, Дрејпер успеа да му се реваншира на Алкараз за поразот од Индијан Велс во 2023 и за поразот во Базел 2022 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО