Мбапе пристигна во Лајпциг без маска на лицето

Селекцијата на Франција денеска пристигна во Лајпциг за мечот со Холандија кој ќе биде одигран утре во рамките на второто коло во групата – „Д“.

Првата ѕвезда на „триколорите“, Килијан Мбапе, беше виден без завој и маска. Тоа им дава надеж на навивачите дека брзоногиот играч кој заработи скршеница на носот на мечот со Австрија, ќе може да игра против „лалињата“.

Напаѓачот мора да добие заштитна маска за да има време да тренира и да се се адаптира на неа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО