Даку се извини, но УЕФА покрена истрага

Фудбалерот на Албанија, Мирлинд Даку кој по мечот со Хрватска користеше вулгарни зборови за Македонците, се обиде преку социјалните мрежи да им се извини на сите кои се чувствуваат повредени.

– Простете ако навредив некого. Простувањето е човечко а јас чувствувам морална и професионална обврска да се извинам, напиша играчот на Албанија. УЕФА доцна синоќа соопшти дека покрена истрага поради недоличното однесување на Даку како и на навивачите на Албанија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО