СП 2030: Шпанија ќе биде домаќин на 11 стадиони, финалето на „Сантијаго Бернабеу“?

На стадионот „Сантијаго Бернабеу“ на Реал Мадрид речиси сигурно ќе се играат натпревари на Светското првенство (СП) 2030 година, на кое ко-домаќини ќе бидат Шпанија, Португалија, Мароко, Парагвај, Уругвај и Аргентина.

Мароко „притискаше“ да биде домаќин на финалето, на нов стадион со капацитет од 120.000 седишта, но весникот „Mарка“ пишува дека ФИФА не размислува за друг стадион на кој би се играло финалето, освен за „Бернабеу“.

Но постојат одредени несогласувања поради фактот што ФИФА генерално бара стадионот да го има на располагање три месеци пред и за време на турнирот, сметајќи дека не добива доволно пари надвор од натпреварите.

„Кралевите“ пак не сакаат да го отстапат на толкав период поради парите што ги добиваат од концерти и од други комерцијални настани.

Од поширока перспектива, „Диаро АС“  известува дека наскоро ќе биде потврдено оти Шпанија ќе има 11 стадиони на кои ќе се играат натпревари на СП 20230, Мароко шест, Португалија три, а три Јужна Америка, во Буенос Аирес, Монтевидео и во Асунсион.

Владата на Шпанија ќе потпише документ со кој ќе ги претстави градовите кои ќе бидат домаќини. Се очекува Мурсија и Хихон да не бидат домаќини, додека Валенсија и Виго ги очекува уште работа за да ги решат разликите меѓу клубовите и градските совети.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО