СП 2025: Хрватска не ја одбра Македонија, шансите за настап таму се мали

Македонската ракометната репрезентација сепак ќе оди на ждрепка, каде што ќе ги дознае противниците на следното Светско првенство (СП). Организаторите Норвешка, Данска и, пред сè, Хрватска ја изоставија македонската репрезентација при распределбата во групите пред извлекувањето.

Ракометната јавност во Македонија се надеваше и очекуваше дека Хрватите ќе нè изберат во една од четирите групи што ќе се играат во нивната земја, но тоа не се случи.

Хрватска се определи да игра во групата Х, во Загреб, каде што ќе игра и Словенија, во групата Г. Австрија доби место во групата Ц, во Пореч, додека Унгарците се сместени во Вараждин.

Данците се во групата Б, со Германија, а Норвежаните очекувано, покрај себеси во Осло, ја сместија и Шведска.

Ова значи дека Македонија оди на ждрепка и шансите да игра во најблиската и најпосакуваната Хрватска се 50:50. Македонските ракометари извлекувањето го чекаат од третиот шешир и не ќе може да играат против Полска, Катар, Бразил, Аргентина, Куба, Јапонија и Алжир.

Ждрепката за составот на групите за СП 2025-та ќе се одржи на 29 мај во Загреб (во 19.30 часот).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО