Барселона му врачи отказ на Чави Ернандез

Барселона официјално соопшти дека тренерот Чави Хернандез добил отказ како шеф на Стручниот штаб. Она што се најавуваше минатите неколку дена, се реализираше денеска.

Претседателот Жоан Лапорта реагираше по изјавата на Чави и без разлика што пред еден месец најави продолжување на соработката, сега ја потврди разделбата, една година пред истекот на договорот.

Наскоро се очекува и официјалната промоција на новиот предводник на Каталонците, Германецот, Ханси Флик. Навивачите се изненадени од овој потег и сметаат дека клубот покажал големо непочитување за легенда како Чави, но очигледно е дека работата е завршена и Барса се подготвува за нова ера со Флик како тренер.

Чави го презеде тимот во 2021 година, минатата сезона ја освои шампионската титула во многу турбулентетен период за клубот поради финансиската криза, но годинава резултатите не беа како што посакуваа во клубот, по што беше решено дека е време за раскин на соработката.

Шпанскиот стратег речиси целиот живот го мина во Барселона, а како играч настапи на 505 натпревари, освојувајќи сѐ што може да се освои. Тренерската кариера ја почна во катарскиот Ал-Саад, од каде што во 2021 година се пресели во Барселона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО