Навас најави збогување со репрезентативниот дрес

Голманот на Костарика, Кејлор Навас (37) објави крај на репрезентативната кариера, со што стави крај на шпекулациите дека би можел да настапи на следнoто издание на Копа Америка.

Навас во националниот тим дебитираше во 2008 година, а оттогаш забележа 114 настапи и учествуваше на три Светски првенства (СП), од кои најзначајно беше она во Бразил 2014 година, каде што беше еден од главните играчи на тимот кој стигна до четвртфиналето.

„Ова поглавје од мојот живот се ближи кон крајот, заминувам со срце полно со благодарност“, вели голманот во видеото објавено на социјалните мрежи.

Навас на кого договорот со ПСЖ му истекува во јуни, минатата сезона ја мина на позајмица во англискиот премиерлигаш, Нотингем форест.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО